© 2022 All Rights Reserved.
јурак
М.
петров
  • добро парче гз може да го спаси светот,
    или да му стави крај.

Empty heading.

01. октомври, 2009

1000 знаци
крај патот

ја пишувам со денови и глеам како се мења под прсти,
ко страст што ја држиш далеку од тротоари и празни резервоари,
кретени што вараат сопруги и клинци што ќутат за да научат зборови.
горе зградите, мала -
остај ги заградите, тие знаат се' што не ти треба
и насмеј се, али поштено
и излези од фармерки, штом веќе ти стојат -
покажи ми што носиш долу, за што стварно имам талент
и што ми вреска в јазик.
ја, ко сон без 1000 јастуци
и ти, есен без 1000 дождови -
мислиш дека не можев да видам,
кој бев и кој не можев слободно да бидам.
мислиш те доведов на југ за да ти го скријам север,
дека сум без идоли за да се клањам пред слики.
кога спиеш не ти треба никој,
ко виолина што сања дует,
далеку од се' исто ко што можеш да си близу
и мирна ко да го скротуваш денот.
кога спиеш ти ја раѓаш својата младост,
прикована на кауч на така фер начин,
твоето лице молчи ко афера под твојата коса,
и на момент ја сум стварно ја,
и ти своја,
и онда промаја, но просто е;
таа фура зашто нема др. начин да биде.
ја знам што ти дадов и што ми даде без да ти земам
и ако те имам, тоа би било отприлика сега
зашто све' што у себе носиш увек ќе сака да бега.
и кога те немам, времето ме нема,
ко задњи клошар -
ко љубов, ти кажувам,
ко кошмар.
трчај, чекори, сфати, стој - увек е место, увек у реду,
извади го сеќавањето и скини му врат,
не плаши се од демони и не жали ангели -
никад не допирај без да го сакаш
и не сакај го без да те допре.
ако палиш, запали цигара
ако гасиш, остај нешто нека гори
штета е да го труеш светов,
штета он да те отруе тебе.
оваа ноќ градот нема каде освен во мене -
5 сабајле -
1000 постели таму гужваат соништа,
1000 океани тука се жедни за бродови -
на стартот на денот ја сум на финишот од светот,
но ти си премлада за да бидам престар,
ги средувам сликите - премногу бои, премногу бои.
збориш за своите згодни линии,
тие слаткиши што инсистираш да останат на маса,
зборам низ јазикот што добива форма
1000 крстопати од мотелот во кој бевме без да му дадеме име.
и прв пат знаеш дека има крај,
ал не таков у кој ќе се каеш.
ти кажав дека ќе пишувам љубовна поезија, али права,
ти кажав дека никад не запрев да љубам љубов иако престанав да ја барам,
ти кажав дека сакам да го дигнам на мој начин
и влегов најдобро што можам -
и брзо и бавно
и цврсто и некако меко,
секако,
но не сеедно
и без намера да се гонам брзо.
горе гард, така ти кажав, но тоа е лоша идеја,
знаеш колку ти треба дождот и колку сакаш да те кутне ветрот,
знаеш од кај тргнаа овие бранови и што бараш од една плима -
од 1000 години, 1000 запирки, пар паузи и љубовни аплаузи,
од 1000 километри и 1000 знаци крај патот,
1000 пољубци што ти плискаат лице,
1000 илјади, 1 суза, прва прва црвена блуза
и твоја моја задња барикада.

Empty heading.

02. ноември, 2007

дуети

седев во еден од купот барови долж ривиерата, со лош домашен коњак в рака, обидувајќи се да го ублажам ефектот на километрите наливно пиво и гледав во брановите што се плискаа од карпите. зад мене имав 8-9 часа пат со воз низ грдата внатрешност на Бугарија. во Бургас зедов такси и се довезов до Созопол.
барот имаше две нивоа, набиени во карпите. горе беа шанковите, а долу јас, осаменото плато со сепареа и платната над нив што пукаа под ударот на ветрот. имав чувство дека се наоѓам на едреник што се подготвува да заплови кон отворено море. лајна, не одев никаде. можев да бидам насукан на секоја од тие карпи. и бев. и имав бранови в стомак, само што, тоа немаше никаква врска со ветерот. се навалив над оградата и повратив.

. морска болест, сењор?

келнерката и нејзината широка насмевка. ја испратив по нова пијачка и си отворив кутија Виктори. тоа беа единствените цигари на кои не стоеше една од оние посрани 'лајт' етикети. изгледаше дека бугарите имаат нежно грло. ЕУ ги стегаше за јајца, таа провинциска курва што нуди ефтина пичка пред катедралите од 16-ти век. Балканите се софистицираа, или барем изгледаше дека се трудат. заѕвони.

. како си?
. не е лошо. ти?
. слушај, ја средив тезгата. почнуваш утре.
. свирка, а? курвичките плаќаат за да ми попушат. добар е бендот?
. бендот е о.к. и разгласот. и репертоарот. и курвичките.
. но?
. твојот глас. не знам, звучиш раштимано. трепериш.
. тоа се емоции, мила.
. тоа е алкохол, идиоту.

спуштив и викнав по келнерката.

хотелот се наоѓаше на периферијата од стариот дел на градот. беше тивко, имаше тераса, солидна услуга, добра храна и беше ефтино. мојата соба беше на крајот од ходникот. животот во собите е борба со квадратурата на просторот. борба што низ годините станува бесмислена. ако на човек му успее да ја добие, останува меѓу ѕидовите. тоа е се'. излегов на терасата, си припалив цигара и гледав како ривиерата се налева со солена вода, дремејќи под чадорите. плажата изгледаше како долга сенка што ги мами брановите за да ги избрише стапките на туристите и да си ја врати назад својата форма. сите ние имаме спомени за бришење и сите го бараме начинот.
се' изгледаше старо и млитаво. јас, хотелот, сонцето, морето, времето. се' беше во пајажината што ја плете смртта за да ја убие досадата. по ѓаволите, требаше да полудам додека лудилото беше се' уште ин. не можеше да се побегне, се' беше стапица. остануваше само одлуката каде можеш да издржиш и да останеш, затоа што не те убива куршумот, туку звукот на истрелот. те убива чекањето, претчувството и лошиот избор.
имав нешто во очите, но тоа не беше солза. тоа не беше каење, тоа беше пораз. тоа беше стар ветар. стар прав. нешто ко стар, пожолтен песок. тоа беше сонцето што ми се потсмеваше од својата ложа на врвот од светот.

последната година-две се обидував да напишам што повеќе дуети, затоа што тие имаа некоја магија и шарм. дуетите станаа нешто повеќе од вообичаена опседнатост со зборовите. чувствував дека ме реанимираат како автор. тие беа флерт со другиот.
се' повеќе размислував за темата што треба да се раскаже во дует, отколку за начинот како да се раскажува низ дует. за мене дуетот беше музика родена во егзил, нешто ко клавиши од пијано кои копнеат по ножни прсти. оној меланколичен простор во кој виното на вистината се дави во очите на своето долго и длабоко, суво лето. простор каде што авторот се обидува да го пронајде својот солмејт. територија во која сенката копнее по своето тело, трудејќи се да ја зграби секоја шанса да добие боја.

мојата прва ноќ во стариот град ме најде на терасата зад Художествената Галерија. пиев Селект, гледав во морската пена и тонев на дното од тие црни води. бев сам и празен ко тага. се' изгледаше како грешка, како лоша шега, како збогување. бев прогонуван, прогонуван од зборовите и тишината. зборовите што ми помагаа да заборавам и што продолжував да ги запишувам за да не исчезнам во неа. Исусе, толку долго се обидував да заборавам што не остана ништо за што можам да се фатам. немаше брег кој би ме посакал назад, не постоеше причина. беше невозможно да се надмудри светот. светот секогаш успеваше да ги скрие гомната и навреме да ги измие клозетите. немав тело. немав мотив што би ја доближил иднината. не постоеше врата, ниту пукнатина низ која би можел да влезе чист воздух. бев ѓубре - остаток на ивица од распаѓањето.
беше доцна и мракот стануваше се' потежок. изгледаше како ноќта да се вселила во мене, во тој простор што одамна не ми припаѓаше. чувствував како секоја голтка водка ми враќа по една коска во телото. имаше толку многу коски што чекаа да бидат вратени, толку многу лузни. наредната ќе заврши работа, размислував, наредната.

. па, зошто не скокнеш?

се свртев и ја видов на скалите. имаше тело на божица и очи на грев, но нејзиниот глас беше тоа што ме привлече. нејзиниот глас беше како шепот на тивок оргазам, како звук на парчиња скршено огледало под нозете. нејзиниот глас беше поезија.
не знам како ме најде, или зошто. мислев дека воопшто не можам да бидам најден. сакав да и' кажам дека ми недостига и дека ја чекам. сакав да ја познавам. сакав да ги заплеткам прстите во нејзината коса и да останам таму, со здивот на ветрот и аромата на шампонот. сакав да и' кажам дека утрото исчезнува без неа и ноќта одбива да си оди. сакав таа да биде вистинска, моја прва права, и беше, на одреден начин, иако знаев дека е тоа само сенка, уморно сеќавање кое дошло да испушти душа пред моето пијано тело. тело во одело.

таа беше еден од оние типови што се ебеа безгласно. тука и таму дофрлаше понекој збор, но тоа беше се'. плус потта, исфрлаше тони студена пот. истата ноќ кога ја сретнав прв пат падна и нашето прво ебење. излезе навистина лошо. бев пијан и се чувствував стар, а таа, 20-22, плус промискуитет, плус џин, плус тело. се чувствував индиспонирано и продолжив да локам. сакав да ја ебам и да ја ебам добро, па навалив на чашата. падна многу налевање таа ноќ, но малку од тоа излезе на површина.
се сеќавам дека дојде тивко ко утринска магла, ја зафрли косата и ги откри рамениците, вратот, телото. имаше тело, да, но имаше очи и сјај во нив - фин, длабок отсјај над дното од мојата чаша. сакав се' да заврши тука, во сјајот на тие зеници. тој сјај го заслужуваше тоа. тој сјај ми носеше плунка на уста. тој сјај беше поезија. илјадници пијани ноќи сонуваа да издркаат над тој поглед. немаше дилема, тој поглед можеше да го проголта светот. по ѓаволите, ме голташе мене.

. имам лузни, сењор. - молчеше.
. в ред е, дете, ги има. - молчев.

в ред е, малечка, размислував, можеш да останеш. врз мене, до мене, на каучов. ќе цицаме пијачки и голтаме воздух. ќе потонеме длабоко под градот. ќе се скриеме од неговите улици, ќе исчезнеме во сопственото тело и ќе го изебеме нашиот живот до финишот - до големото финале на сите исчезнати љубови. молчевме. тоа беше единствениот начин за разговор, наш приватен Matto Grosso - километри молк врз кој шумот нема никакво влијание. шумот се трупаше, шумот го нагризуваше секој обид за артикулација. шумот го претвораше јазикот во хиероглифи - бадијала. шумот беше на колена и го знаевме тоа. шумот беше пимп без курви, дркаџија во хостел, ТВ ток-шоу. молчевме, ти ебам, и се ебевме. нашите одрази добиваа тело, а ноќта одраз во кој беше немоќна да се насмевне. чувствувавме дека ја ебеме в уста сета нејзина подмолна, бесмислена тишина. расфрлавме флаши наоколу ко стихови што се давеа во својата жед. си го бодевме телото. бевме зависници од оргазмот. бевме ултимативен стереотип на порн-класик, редок вид - љубов на границата од исчезнувањето.

ноќта пред да си оди стоеше крај прозорецот. нејзиниот газ ме набљудуваше. нејзиниот газ ветуваше дека ќе ми успее да ја поминам ноќта - километри ноќ и тони мрак. бевме оставени на крајот од изборот, без центар, без шанса да фатиме поглед. бевме сами со мртвиот град во очите. светот изгледаше распарчен на илјада мали парчиња, но немавме никаква намера да ги составуваме.
колите дремеа на тротоарот. мачките ги гушкаа кантите со ѓубре. кучињата ги мочаа дрворедите. канделабрите и' се молеа на тишината. градот ги сонуваше нашите последни часови мир. градот беше отворена дланка што бавно се стега во тупаница.

. размислуваш? немој. немој да го одложуваш неизбежното. ти се допаѓа?
. да. твојот газ е единственото место на кое би можел да умрам со затворени очи.

и' пријдов и го сместив меѓу нејзините нозе. и' пикнав цигара в уста. ја прегрнав.

. твојот кур е единственото место на кое би сакала да го поминам животот. - рече, дркајќи го.
. кучињата ја имаат ноќта, луѓето денот.
. звучи фер.
. звучи, но не е вистина.

потоа замина и ја остави вратата отворена за да разберам дека во нејзиниот глас го слушнав прв пат звукот на мојата смеа. дека во нејзините очи го видов она што не успеав да го најдам никаде надвор од нив. дека таа ги носеше сите имиња што копнеев да ги слушнам и сите соништа што ги оставив в кревет. за да разберам дека не можеше да остане, ниту јас да ја задржам собата што не ја напуштивме никогаш.

не сум сигурен кога, ниту дали, почна навистина да врне, но ако тоа беше дожд, мојот пијан дожд, тоа секако беа солзи прогонети од рајот. се обидував да го задржам вниманието кон таа напорна осека на морето што бегаше од очите на брегот. се обидував, но не можев да скокнам, убавице. не сакав да завршам во молкот на историјата, без оглед на тоа што не можев да видам ништо подалеку од жарот на мојата цигара, како што ниту сега можам да го задржам привидот од дожд низ кој почнува да плива ноќта - ова тивко, темно, носталгично платно што сјае на истиот начин на кој ти ја обои својата болка.
на хоризонтот месечината се давеше в море, како да немаше право да биде овде. по ѓаволите, знам дека јас немав право да гледам во лицето на таа жолта дамка што умира под шамарот на бранот. можев да го слушнам нејзиниот плач, тоа далечно ехо на одамна загубено небо. таа далечна воздишка на одамна раскажана смрт. потони љубов, потонете сеќавања. слезете во мракот и исчезнете, предолго возевме без фарови и мапа. бев толку пијан што не можев да ја дигнам раката за да си припалам цигара. сенките немаат функција, ниту боја, ниту дефинитивен облик. облик, да, формата на добро, стегнато, парче газ и мирисот на влажна пичка во зачадена соба. треба само да ја протнеш раката низ завесата од чад и да ја извлечеш наградата. потоа, чаша црвено вино и цврст, неугледен кауч. таа го отфрла здолништето со едноставно нишање на колковите и излегува од својата школка. совршен финиш за сите чаши, флаши и пикавци. и грстот земја на крајот од патот.
совршен тајминг. совршено злосторство. совршена проза.

кога ги отворив очите сонцето веќе беше сместено во својата ложа и ја пиеше мојата пот. бев затекнат. низ годините научив дека предметите секогаш го наоѓаат моето тело пред да успеам да го фатам трагот на денот. моето одело смрдеше на мртва ноќ. бутнав цигара в уста и отидов во хотелот. рецепционерот беше на својата позиција. свеж и спремен.

. порака, сењор.

„те чекав до 23:00, и?"

зедов парче хартија и запишав: „оној што доцни, доцни и кога е навреме."

. ако се појави, дајте и' го ова.

секогаш бев далеку од моите жени. ги допирав, но тоа го правев отсутно, како утеха дека се' уште умеам да ги користам рацете, како доказ дека светот е се' уште тука. тоа беше љубов, но празна љубов. правилен акцент на преќутени зборови. Исусе, каква фарса. ми требаа тела. ми требаше рамка за моите чаши и флаши. ми требаше лице во кое ќе го дувам чадот.
влегов во мојата соба. тоа беше типична хотелска пачавра. соба во која не живее никој, совршено место да се исчезне. бев во својот агол од времето, мојот личен пекол. времето во собите е како туристичка прошетка в парк под гомната на птиците што не пеат. птиците што не слетуваат на дрвените огради и клупи. птиците на иднината, издрканата иднина која нема да се случи. иднината што ја испив без да наздравам. времето беше насмевка врз усни на мртовец. времето беше во право. бев жеден и трезен што не беше добра комбинација. ја дигнав слушалката.

. се прашував, дали имате собна услуга?

немаа. ако живеете доволно долго, во една одредена точка од тоа измачување, ќе сфатите дека многу работи не се случуваат. тоа е едноставно така, па затоа се фокусирате на ситнишот што, евентуално, би го добиле. ситни дребулии за очајни крадци - компромисот е одвратна утеха.
надвор гореше, нешто слично на ситуацијата во мојот стомак. зедов празно шише вино, отидов в нужник и го наполнив со вода. се нишав низ собата и локав. по ѓаволите, рикав, по ѓаволите со овие смрдени хотели! по ѓаволите со овој вошлив персонал! кружев. ќе ве убијам, мрзливи гомна! - се дерев. ќе ве набијам на колец! заѕвони.

. што?
. пак остана без пијачка?
. чуј, душо, имам фина, полна флаша бело и ја држам во другата рака.
. вечерва настапуваш, немој да заебеш.
. тоа е се'?
. гони се!

спушти. настапувам, а курвиче! кој друг би можел да настапи? покажи ми човек со јајца ко моите! покажи ми човек! - врескав во слушалката. некој тропаше на вратата.

. добро утро. смеам да ги променам чаршавите?
. се разбира, промената е вредна работа.

со едно единствено движење собарката ја откина старата постелнина и ноншалантно ја уфрли во количката. потоа навлече друга. имаше убаво газе. бев сведок на перфекција. скоро перфекција.
добро парче газ може да го спаси светот. или да му стави крај.

. чуј, дали би можела да ми донесеш пар флаши?
. како?
. остави ги чаршавите и донеси ми неколку пива. Каменица, о.к.? - и' намигнав.
. тешко.
. еј, имаш газ-и-пол. - и' дофрлив на излегување.
. и ти. - ми намигна.

по петнаесетина минути стоев пред касиерката со две хартиени кеси од кои висеа шишиња. кесите ги дуплирав, за секој случај. не сакав да изгубам ништо повеќе, затоа што немав уште многу за губење. кога излегов од драгсторот хотелот ми се виде предалеку, па одлучив да слезам до плажата. наидов на слободен чадор и седнав под него. зедов една флаша и господски отпив од неа. видикот се расчисти. отпив уште една и посегнав во пазамарката. припалив и разгледав наоколу. немаше многу што да се види; крпи, заштитни креми, темни очила, тони песок.
еден тип со жолта капа се движеше под чадорите и наплаќаше за сенката. ме забележа и се приближи. платив и му се вратив на пивото. ги мразев тие малечки лимени лајна, па секогаш купував срча. флашите ги отварав со запалка, ги празнев и ги бодев во песокот. плажите беа излог на тела и тоа беше единствената околност што ги правеше привлечни. стотици полуголи тела кои доаѓаа тука на јавна исповед. стотици од нив кои излегуваа мокри од водата и стотици жедни очи кои ја голтаа секоја капка на видикот. го извлеков пенкалото и впишав во песокот: „реченица може да те зароби, две да ти дадат доживотна."
залихите страшно се намалуваа. на крајот останаа уште две боци. токму за до продавница, стар песу, токму дотаму. станав, го истресив песокот од пантолоните, и си заминав.

беше пладне и жегата лизгаше по асфалтот. подзастанав и го фатив одразот на сонцето во моето шише. изгледаше како да се дави во сопственото темпераментно лудило. отпив уште една долга, победничка голтка, се довлеков до мојата соба и го бутнав клучот во бравата. беше отклучено. собарката пушеше надлактена на креветот.

. донесов Каменица! - се насмевна. ти си писател?
. близу, изведувач.
. а, што изведуваш?
. ноќта надвор од нејзиниот мрак.
. и, какво е чувството?
. не знам. никогаш не ми успеало да ја изведам до крај.
. и јас пишувам работи.
. какви работи?
. главно песни.

седнав крај неа и ја тргнав косата од нејзиниот врат. ја бакнав. баздев на цигари и пиво. таа баздеше на лоша поезија. не беше важно, нејзиниот газ имаше моќ да го одработи недостатокот. ја вовлеков раката под нејзината сукња и ја зграбив за пичка. сите пички на светот беа под моите прсти, сета влага и сите пурпурни нијанси на заборавените залези. ја триев. ми го дофати, се наведна и почна да го грицка со забите. ја турнав на стомакот и и' ја симнав сукњата.

. ќе ме ебеш како куче? Боже, ќе ме ебе како куче! - вресна.

се обидов да и' го сместам одзади - утка. пробав уште 2-3 пати, не успеваше. таа ја подаде раката и го намести. конечно влегов, конечно бев таму. беше топла и искрена. беше единственото место на планетата каде можев да бидам спокоен, моето тајно место. го забивав таму, меѓу тие магични полутопки што влегоа во мојата свест и останаа тука.
успеавме, иако на миг, успевме да им побегнеме на нашите демони. ги удавивме копилињата во секретите и потта. ако го имаше, тоа беше тоа - ПОГРЕБ НА СМРТТА.
се истурив насекаде врз неа.

. знаеш, ова беше најдоброто парче поезија што воопшто си го напишала.

знаеше. знаеше дека странците се секогаш на минување и дека нема подобар љубовник од оној што нема скриена намера да ја узурпира корицата на нашиот интимен дневник. како куче, рече, еби ме како куче, затоа што бевме кучиња кои го бараа својот ланец.
се обидувавме да се ослободиме од грешките, но тие не сакаа да си одат. тие беа во нашата крв и го туркаа немирот низ нашето тело. тие беа жиг што не' осуди на вечна и бесмислена афера.

. сакам да побегнам далеку пред историјата. сакам да останам таму, човеку. сакам да танцувам, разбираш? сакам лампиони сред лето.

ти ебам. нејзиниот сопруг немаше време да ја ебе. нејзината работа ја ебеше. изгледаше разумно да ме побара. никогаш не ме бараа здрави, слободни жени. секогаш налетував на излудени, врзани кучки, или тие налетуваа на мене. изгледаше дека имам визија и дека таа визија ме држеше за јајца.

. еј, се обидувам да те замислам како работиш.
. и?
. веројатно изгледаш исто како кога дркаш.
. можно е.
. велат дека темите ги бираат своите автори.
. тогаш темите би можеле да наидат на исклучителен проблем.
. да?
. уметноста е како паркинг, никогаш нема доволно место. пиво?

таа пушеше на креветот со исцедена пичка. мирисот на валкан веш се мешаше со боите на подот. и' реков дека е проколната божица - херој на бездните. знаеше дека лажам. жените го имаат тоа. жените умеат да го разберат шамарот. да го примат. мораат. морав и јас, но одбивав. затоа и пишував, за да го ублажам ударот, да го одложам падот. беше бесмислено, но сеедно. наградата треба да се заслужи, казната исто така. кружев наоколу и копав пикавци по пепеларите. знаев кога чукам возбудлив текст, знаев кога не чукам. најчесто чукав во празно.
нејзината пичка изгледаше како лузна во просторот. како лице што ѕирка низ бесилката на сомракот. како доказ дека ножот на мизеријата поминал низ собата. немав волја, немав јазик. немав што да подигнам, ниту што да извадам надвор. тишината беше единствената околина во која можев да останам цел и разбран. сфатен и прифатен.

. сонувам за почеток секогаш кога се соочувам со ноќта. сонувам за раце кои ја шамараат демагогијата на ракувањето. сонувам за прегратка.

отворив нова флаша.

пред настапите секогаш го имав тоа гнило чувство на празна, широко отворена дупка во желудникот. големите ноќи на долгите аплаузи. големите претстави, големите лаги.
умрен ветар. умрен бран. умрен брег. уморен поглед. уморен здив. уморна цигара.
светлата на градот се одразуваа во морето како труп што плута на површината. што барав овде, забога? сред оваа смрдлива канализациска цевка, во стомакот на ова обезглавено тело што скапува во ќошот со кантите за ѓубре и мочката на пијаниците. немаше шанса да го дигнам, немаше начин да го задржам ритамот. премногу километри, премногу галама.
часовите под рефлекторите беа лош крек што срцето го растураше низ вените. курва од 5 банки заглавена во гаќите на ноќта. бев долу, немаше дилема, бев паркиран на дното. се држев за последното парче душа што ми остана - мојот звук. дуетите. мојот затвор и мојата слобода. мојата награда за сезоните поминати зад спуштените завеси. мојата бина и моето распетие. мојата стигма и мојот талент - мојата раскошна смрт.
треперев. кучката беше во право, премногу нерви удавив на дното од флашата. моите раце, моите нозе, тоа не беше играчка, бев во грозница. сите запалени цигари ми гореа в стомак. сет џин, коњак, шток и прашина. сите напуштени чаши и истрошени огледала, сите поспани соби, бледо-црвени вина и сите напукнати стакла на срцето. вината и бината. немаше море што ќе ја симне крвта од овие раце. римата и плимата. немаше месечина што ќе најде своја трага на небото. се наоѓав на погрешниот крај од денот. длабоко во мене се будеа мртвите сеништа.
милост, милост. - повторував. собери се, човеку. уште еднаш, уште овој пат, заради неа, заради единствената добра причина што те држи тука. остани фокусиран. следи ги светлата, пронајди ги патоказите, таа се' уште не исчезнала. зад аголот е. те чека, со влага во косата и ветар во грлото. сврти, сврти и провери. влези, влези и заборави. не може да биде далеку, возовите и бродските труби се' уште молчат. задржи ја сенката на ноќта, батали ги маглите, одмолчи го збогувањето и направи место за совршен почеток на пристоен крај.
дворот на црквата беше полн. не можев да ја видам толпата, но знаев дека е тука. можев да го слушнам џагорот и блицот. тие очекуваа забава, а јас дојдов како проповедник на погреб. ги наштимав прстите, гласот, возбудата и го зграбив микот. ги затворив очите, цврсто го стегнав А-мол и потонав;
високо над светот, минарето, крстот и неговите молитви. далеку од тоа лудило. далеку од таа хистерија. далеку од тишината на сопствениот глас и длабоко под лузните на мојата кожа. ги отворив сите врати и прозорци далеку зад погледот. ги погребав сите спомени и заминувања длабоко под костумот, се' до нејзиниот глас што конечно дојде. до нејзиниот глас што конечно ме најде. ко бакнеж. ко слатка меланколија. нејзиниот глас, таа кадифена насмевка што ми разбуди солза в око, тивка болка што спокојно влезе во моето уво и слезе до самото дно од дното. тој совршен имиџ зад моите склопени очни капаци. тоа сведоштво на љубов во својата младост, тој ден што ја предава ноќта ко благослов. тоа раѓање без папок, тоа будење без сон, тој одраз кому не треба тело, тоа тело што одразува се'. таа смисла што отсекогаш ја знам, таа вистина ко шал од свила, тој процеп низ кој се' мое лизга кон се' твое, љубави. тој хоризонт за кого Бог го создаде светот, тие океани што му дадоа лик.
ги склопив и продолжив така, за да исчезне се', за да останеш ти. се' до последната ивица, извик и крај.
совршена виолина. совршено пијано. совршен дует.